Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Саити ќе учествува на 5-от Самит на светски менувачи

2024-11-23

Саити ќе учествува на 5-от Самит на светски менувачи

На 26.11.2024 година на покана на Претседателот на Институтот за напредни студии проф. д-р Габриеле Пао-Пеи Андреоли и соработка и мрежата на светски менувачи, во просториите на Папскиот Латерански Универзитет во Ватикан, Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити ќе учествува на 5-от Самит на светски менувачи. За време на настанот како еден од поддржувачите на самитот Црвениот крст ќе додели златен медал на Michael  Shanly за посебни заслуги во развојот и поддршката на филантропијата. Генералниот секретар посебно учество ќе земе на учество на панел на тема „Етика, вера и социјална визија: двигатели на еволуцијата и развојот“.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025